Битиќи: Cептември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката

Bez autora
Apr 08 2023

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за наесен најави завршување на преговорите за неколку големи инвестициски проекти во енергетиката со вкупна вредност од 2,3 милијарди евра.

Тој посочи: „Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и инвестицијата отприлика е една милијарда евра“.

„Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката, рече Битиќи.

Битиќи додаде дека минатата година во државата имаше 753 милиони евра странски директни инвестиции, што наназад во изминатите 11 години е највисоко ниво и тоа во кризна година.

Го стимулираме развојот, исплатени се 23 милиони евра субвенции кон домашни компании, кои имаа 150 милиони евра инвестициски циклус во производство, истакна Битиќи, нагласувајќи дека не е зголемена трговијата, туку производството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik